Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ева Лонгорија ќе биде кума на ќерката на Бекамови

Ева Лонгорија ќе биде кума на ќерката на Бекамови

Викторија Бекам ја избра својата најдобра пријателка Ева Лонгорија да ѝ биде кума на нејзината неродена ќеркичка.

Бекамови разгледувале како опција и други звучни имиња како Гордон Ремзи, Хајди Клум и Сил и Кејт и Вилијам, но сепак се одлучиле значајната улога да ѝ ја доверат на Ева.

Ева Лонгорија и Викторија БекамЕва Лонгорија и Викторија Бекам

„Викторија му предложи на Дејвид и двајцата се согласија дека ја сакаат Ева. Таа е екстремно почестена“ – изјавил близок пријател на семејството за британскиот весник The Sun.

Ќерката на Викторија и Дејвид Бекам, ако сè оди според план, треба да пристигне на свет на 4 јули, кога 37-годишната дизајнерка има закажано породување со царски рез.

Но, нема само ќерката на Бекамови да може да се фали со славна кума. Нивните два сина Бруклин и Ромео ги имаат за кумови Елизабет Харли и Елтон Џон.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11461 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.