Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Славни пријателки: Ева Лонгорија и Викторија Бекам елегантни дами на гала во Лондон

Славни пријателки: Ева Лонгорија и Викторија Бекам елегантни дами на гала во Лондон

Ева Лонгорија и Викторија Бекам присуствуваа на хуманитарна гала на „Global Gift Foundation“, непрофитна организација фокусирана на олеснување на животот на деца, жени и семејства. На свеченоста во Лондон, двете славни пријателки мамеа погледи во креации од ателјето на Бекам.

Лонгорија носеше долг фустан во тегет боја со длабоко деколте, а Бекам сосем очекувано избра своја минималистичка црна креација.

Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам

40-годишната актерка и повторно влезе во улогата на домаќинка на хуманитарната гала. Лонгорија изјавила дека нејзината сестра со посебни потреби ја мотивирала да започне со хуманитарните активности. „Мојата постара сестра е со посебни потреби и кога гледаш нешто такво, во прва рака, стануваш несебичен. Волонтерство е еден од првите зборови кои ги научив и тој е дел од мојата ДНК. Ние имавме големи бенефиции од општествените програми на црквите. Тоа го промени животот на моето семејство, па јас чувствувам огромна одговорност да се оддолжам“ – вели ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“.

Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам Ева Лонгорија и Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.