Почетна » Новости » Мода » Стилска битка на две пријателки: Викторија Бекам и Ева Лонгорија во иста креација

Стилска битка на две пријателки: Викторија Бекам и Ева Лонгорија во иста креација

Ева Лонгорија неретко ѝ го доверува својот стајлинг на својата пријателка Викторија Бекам, а тоа го направи и за свадбата на нејзиниот син Бруклин Бекам.

На прославата, Лонгорија шармираше во црна креација од колекцијата пролет/лето 2022 на славната дизајнерка, а истиот тој фустан го носеше Викторија неколку недели претходно.

Во неодамнешно интервју, Ева изјави дека позајмува облека од плакарот на Викторија. „Одам во нејзиниот плакар и таа ми кажува што да носам. Ќе ме праша: ‘Сакаш црно или зелено?’, јас ќе речам ‘црно’ и таа ми вели ‘одлично, зелено’“ – призна славната актерка.

Ева Лонгорија Ева Лонгорија Ева Лонгорија Викторија Бекам Викторија Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11460 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.