Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дејвид и Викторија Бекам со семејна фотографија ја одбележаа 16-годишнината од бракот

Дејвид и Викторија Бекам со семејна фотографија ја одбележаа 16-годишнината од бракот

Дејвид и Викторија Бекам прославија уште една годишнина. Популарниот пар одбележа 16 години од стапувањето во брак со фамилијарна фотографија.

41-годишната дизајнерка сподели фотографија на социјалните мрежи и испрати порака до својот сакан.

„Среќна годишнина, те сакам многу. Горда сум со нашето прекрасно семејство“ – напиша Викторија на Instagram.

Бекам

На фотографијата, Викторија и Бекам гордо позираат зад четирите деца – 16-годишниот Бруклин, 12-годишниот Ромео, 10-годишниот Круз и 4-годишната Харпер.

И Дејвид не пропушти да го одбележи значајниот ден. „Пред 16 години, на овој ден беше нашиот специјален ден... 16 години подоцна ги имаме нашите убави деца... Ти благодарам што ми ги даде нашите неверојатни малечки... Среќна годишнина“ – напиша тој и објави стара фотографија со Викторија.

Бекам

Парот стапи во брак на 4 јули 1999 година во Ирска.

Бекам Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11130 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.