Семејството Бекам несомнено крие многу таленти. Дејвид и Викторија постојано објавуваат моменти од семејниот живот на социјалните мрежи, а во најновото видео споделено на Instagram, нивниот син Круз го покажува својот музички талент.
Во краткиот видеозапис, Круз со помош на чаша изведува а капела верзија од песната „When I’m Gone“ од популарниот филм „Pitch Perfect“.
Не може, а да не се забележи дека 11-годишното момче има одлично чувство за ритам и ужива во својата изведба. Многумина се согласуваат дека Круз ги потсетува на Џастин Бибер.
Погледнете и видео од „Pitch Perfect“ во кое Ана Кендрик ја изведува песната.
И Викторија претходно сподели видео во коешто Круз пее.