Дејвид Бекам го прослави својот јубилеен 50-ти роденден.
Поранешниот фудбалер, кој во моментов е еден од сопствениците на ФК Интер Мајами, го одбележа овој важен ден со Instagram објава, исто како и неговата сакана сопруга Викторија.
Таа објави и компилација од видеа и фотографии од Дејвид.
„Кога го гледам ова видео, помислувам: ‘Wow, колкава среќничка сум. Ти си сè за коешто можев да сонувам и многу повеќе. Среќен 50-ти роденден Дејвид Бекам. Бескрајно ве сакам тебе и нашето прекрасно семејство. Ти ме правиш комплетна’“ – напиша таа.















Во албумот на Дејвид стојат фотографии од неговото детство и од неговите деца.
Славната дизајнерка сподели видео на кое танцува со Дејвид на песна од Spice Girls и напиша:
„Среќен роденден Дејвид, мое сè. Мојот најдобар пријател, сродна душа и доживотен партнер за танцување...“.
„Кога се навраќам наназад на овој роденден, благодарен сум за многу работи во мојот живот: тимовите со коишто играв, моите соиграчи, менаџери, фанови, мојата ЗЕМЈА и што бев капитен на Англија, децата кои ги запознав низ добротворните активности, мојот бизнис тим и пријателите кои ги имам околу мене. Се чувствувам навистина благословен... Но, моето најголемо постигнување е и секогаш ќе биде моето семејство, моите мајка и татко кои жртвуваа многу за јас да го живеам мојот сон да станам фудбалер, моите сестри кои мораа да го следат нивниот брат низ светот во студено време и да го гледаат како игра фудбал, моите неверојатни баба и дедо... Мојата сопруга која ми е најдобар пријател 28 години и моите прекрасни деца Бруклин, Ромео, Круз и Харпер се причината секој ден да станувам од креветот. Ви благодарам што ме правите подобар човек. Ве сакам многу и ви благодарам што ми го направивте овој ден специјален. Вие сте мојот свет“ – напиша тој.









