Викторија Бекам сподели фотографии од големиот ден на нејзиниот син Бруклин.
На нив, таа чекори за рака со Дејвид во прекрасен долг фустан од нејзиниот бренд.
„Горди мама и тато. Честитки“ – напиша таа.


47-годишната дизајнерка откри дека ова е прва креација од високата мода на Викторија Бекам и дека била изработувана пет дена од шест лица.
„Специјален фустан за специјален ден. Првиот фустан висока мода на Викторија Бекам создаден во нашето ателје во Лондон. Потребни пет дена за да се изработи фустанот од страна на шест од моите неверојатно талентирани членови од тимот во Лондон“ – напиша таа.


На свадбата, Дејвид носеше костум од Диор.


Парот доби бројни комплименти за изгледот на свадбата на Бруклин и Никола Пелц.
Мајка ѝ на Викторија и девојката на нивниот син Ромео, Миа Реган, исто така носеа креации од Викторија Бекам.

