Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бекам ќе ја тужи проститутката што го обвини за неверство

Бекам ќе ја тужи проститутката што го обвини за неверство

Обвинувањата за неверство од страна на проститутката Ирма Ничи очигледно многу го разлутија Дејвид Бекам, затоа што тој реши да покрене тужба против неа со која бара оштета од 5 милиони фунти.

Ирма Ничи

Тужбата на 35-годишниот фудбалер е последица на јавните изјави на 26-годишната Ирма дека таа заедно со уште една девојка имале тројка со Дејвид.

Но, Бекам одговорноста за ваквите обвинувања нема да ја бара само кај Ирма. Тој ќе бара и извинување на насловната страна од американското списание кое ја објави приказната дека во 2007г. Бекам ѝ платил 3200 фунти на Ирма и уште 1500 фунти на друга проститутка за да имаат секс со него.

Дејвид и Викторија БекамДејвид и Викторија Бекам

Без разлика дали тоа беше целта или не, ваквите обвинувања воопшто не ги нарушија односите на Викторија и Дејвид. Викторија стои зад одлуката на својот сопруг за тужба и е исклучително бесна, затоа што ваквите приказни ќе ги вознемират нивните деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.