Криси Тиген и Џон Леџенд присуствуваа на галата „Gold House“ во Лос Анџелес, која на едно место собра актери, филмски продуценти, музичари, активисти и автори.
На свеченоста, славните партнери беа едни од најдобро облечените гости и мамеа погледи додека позираа во гламурозните стајлинзи.
За оваа пригода, Тиген избра впечатлива златна креација од Оскар де ла Рента, додека Леџенд носеше класично црно одело со машна.







