Мината година, на 22 септември, во волшебната атмосфера на Бигорскиот манастир, водителката Ведрана Ѓорѓевиќ и диџејот Андрија Антиќ, познат како Ендру Мелер, си го кажаа судбоносното „да“.
Eдна година подоцна, парот ја одбележа својата прва годишнина од бракот со романтична објава со фотографии на социјалните мрежи. Андрија сподели топла порака посветена на својата сопруга:
„Среќна годишнина. Да ја имам оваа ЖЕНА во мојот живот е најскапоценото нешто кое некогаш можело да ми се случи. Универзумот спои две души кои се надополнуваат на секој можен начин и благословени сме поради тоа. Ги живееме моментите и животот до максимум! Првата година од бракот започна со забава која сè уште трае“.














Ведрана на денот на свадбата сподели албум со фотографии од церемонијата со опис: „22.09.2024. А и В до вечноста“.


Парот се вери во февруари 2024 година на романтично патување во Занзибар.
Фотографии: Vedrana Gjorgjevic, Andrew Meller / Instagram