Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вистинска љубов: Хју Џекман со порака ѝ ја честиташе 27-годишнината од бракот на сопругата

Вистинска љубов: Хју Џекман со порака ѝ ја честиташе 27-годишнината од бракот на сопругата

Љубовната искра помеѓу Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес не згаснува и по речиси три децении заеднички живот.

Славниот пар, кој може да се пофали со еден од најстабилните бракови во Холивуд, ја прослави 27-годишнината од влегувањето во брачните води.

По тој повод, Џекман сподели заедничка фотографија и напиша емотивна порака за својата сакана.

„Те сакам Деб. Денес е 27-годишнината од нашиот брак. 27 ГОДИНИ! Те сакам многу. Заедно создадовме прекрасно семејство. И живот. Твоите смеа, дух, дарежливост, хумор и лојалност се неверојатен подарок за мене. Те сакам со сето срце“ – напиша актерот од „The Wolverine“.

Хју Џекман и Дебора-Ли

54-годишниот актер и 67-годишната актерка беа фотографирани на плажа за време на велигденскиот викенд.

Хју Џекман и Дебора-Ли Хју Џекман и Дебора-Ли Хју Џекман и Дебора-Ли Хју Џекман и Дебора-Ли Хју Џекман и Дебора-Ли Хју Џекман и Дебора-Ли Хју Џекман и Дебора-Ли

Хју и Дебора-Ли се запознале на снимањето на серијата „Correlli“ во 1995 година. Тие стапија во брак на 11 април 1996 година. По два спонтани абортуси, парот посвои две деца, Оскар, кој сега има 22 години, и Ава, која има 17 години.

Хју Џекман и Дебора-Ли Хју Џекман и Дебора-Ли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11510 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.