Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Хју Џекман изненади момче кое страда од цистична фиброза

ВИДЕО: Хју Џекман изненади момче кое страда од цистична фиброза

Вулверин е еден од омилените суперхерои на многу деца. Хју Џекман, кој го глуми силниот мутант во филмовите на Марвел, изненади 9-годишен обожавател кој страда од цистична фиброза.

46-годишниот актер за момент ја стави на пауза својата работа за да посети момче кое е голем фан на ликот Вулверин. Фондацијата „Make-A-Wish“ и водители од радиостаницата „KIIS 1065“ од Австралија биле заслужни за организирањето на таа средба и остварувањето на желбата на малиот Доменик.

Во видеото, малото момче разговара со водителите Џеки и Кајл, кои му кажуваат дека Џекман е зафатен со снимање на филм, но дека може да го контактираат доколку сака да го чуе. Доменик не може ни да претпостави дека Хју всушност се наоѓа во соседната соба.

Погледнете ја радосната реакција на болното момче кога ќе го здогледа познатиот Австралиец:

„Ти си прекрасен. Мило ми е што те запознав. Имам сретнато многу фанови во годините, ти ми си еден од омилените“ – му вели Џекман на радосното момче во видеото.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.