Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Хју Џекман и сопругата ја прославија 20-годишнината од бракот со тропски одмор

Хју Џекман и сопругата ја прославија 20-годишнината од бракот со тропски одмор

„Среќна сопруга, среќен живот. Тоа е слоганот“ – изјави неодамна Хју Џекман.

Очигледно славниот актер го има рецептот за успешен брак. Џекман и неговата сопруга Дебора-Ли Фернес негуваат една од најстабилните врски во Холивуд.

И покрај разликата во години и покрај проблемите со неплодноста и спонтаните абортуси, парот остана заедно, за сега да ја прослави 20-годишнината од бракот.

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес

47-годишниот актер и 60-годишната актерка беа фотографирани на одмор на Карибите, додека го прославуваа значајното постигнување на личен план. Широките насмевки и јазикот на нивните тела јасно говори за нивната блискост.

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес

Хју ја запозна Дебора за време на снимањето на ТВ шоу во Австралија. Тие стапија во брак на 11 април 1996 година. По два спонтани абортуси, парот посвои две деца – Оскар и Ава.

За да го одбележи големиот ден, Хју сподели на Instagram фотографија од свадбата.

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес

„Таа е најневеројатната жена која ја познавам“ – призна во една прилика ѕвездата од филмовите „X-Men“.

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11346 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.