Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Те сакам со цело срце“: Хју Џекман објави фотографии од свадбата со Дебора за 25-годишнината од бракот

„Те сакам со цело срце“: Хју Џекман објави фотографии од свадбата со Дебора за 25-годишнината од бракот

Хју Џекман и Дебора-Ли Фернес имаат еден од најстабилните бракови во Холивуд.

52-годишниот актер и 65-годишната актерка и продуцентка ја прославија 25-годишнината од бракот. По тој повод, ѕвездата од „Вулверин“ сподели фотографии од нивната свадба на Instagram.

„Да се биде во брак со тебе Деб е природно како и дишењето. Од моментот кога се сретнавме... знаев дека ни е судено да бидеме заедно. Во заедничките 25 години – нашата љубов само се продлабочува. Забавата и авантурата се повозбудливи, учењето е уште поголемо. Вечно ќе бидам благодарен за нашата љубов, нашиот живот, нашето семејство. Ние штотуку започнавме. Деб, те сакам со сето свое срце!“ – напиша Џекман во описот.

Хју Џекман со сопругата Дебора Хју Џекман со сопругата Дебора Хју Џекман со сопругата Дебора Хју Џекман со сопругата Дебора

Хју ја запозна Дебора за време на снимањето на ТВ шоу во Австралија. Тие стапија во брак на 11 април 1996 година. По два спонтани абортуси, парот посвои две деца – Оскар и Ава.

Хју Џекман со сопругата Дебора

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11057 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.