Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија и Дејвид Бекам со фотографии и пораки му го честитаа 21-виот роденден на синот Бруклин

Викторија и Дејвид Бекам со фотографии и пораки му го честитаа 21-виот роденден на синот Бруклин

Бруклин Бекам денес полни 21 година. За да му покажат дека го сакаат и дека се гордеат со него, Дејвид и Викторија споделија фотографии и пораки на Instagram и му посакаа „Среќен роденден“.

45-годишната дизајнерка сподели фотографија на која Дејвид го држи Бруклин кога беше бебе и напиша: „Пред 21 година, најубавата душа дојде на овој свет и ни го промени животот засекогаш. Чувствителен, сладок, љубезен и забавен, ти ни си сè. Те сакам многу. Среќен роденден“.

44-годишниот поранешен фудбалер пак сподели фотографија од детството на Бруклин. „Среќен 21-ви роденден на моето големо момче. Што друго би можел да кажам освен дека порасна во најубавото човечко суштество, а тоа го прави Тато многу горд. Љубезен си, грижлив си и полн со страст, а како татко, тоа е она што сакаш да го видиш во твојот син... Имавме многу неверојатни заеднички моменти како татко и син, како подигнувањето на пехарите на сите места на кои ги освојував и тоа мене отсекогаш ми беше сон... Те сакам, имај неверојатен ден зашто го заслужуваш тоа“ – напиша Дејвид.

И двајцата негови браќа, Ромео и Круз, му го честитаа роденденот. „Не ми се верува дека имаш 21 година. Среќен роденден“ – напишаа тие.

Бекам

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11126 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.