Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Викторија дневно троши 2,5 часа пред огледало

Викторија дневно троши 2,5 часа пред огледало

Викторија Бекам

Викторија Бекам, сопругата на Дејвид Бекам – со кого има две деца, му посветува два и пол часа дневно на својот изглед, поминувајќи долго време пред огледало.

„Викторија никогаш нема да стапне во јавност ако изгледа помалку од совршено“ – открива извор близок до Бекамови.

Таа троши два и пол часа секој ден на нејзиниот режим за убавина – кој вклучува масажи, маникир, педикир и посети на фризер. Таа исто така вежба 45 минути секој ден, комбинирајќи трчање на патека со дигање на тежина и јога.“

Викторија неодамна открила пред пријателите дека воопшто не е задоволна од своите усни. Сепак, сè уште не би се подложила на операција заради стравот дека другите ќе се подигруваат со неа.

Моите усни исчезнуваат кога се смеам!

Викторија Бекам

„Таа вели дека чека појавување на нова неинвазивна процедура пред да си ги напумпа усните – сега за сега се обидува да ги зголеми со молив и сјај за усни.“

„Отсекогаш си ги мразеше забите и ја фаќа параноја кога ќе помисли на нејзината уста. Носеше протези за да ги исправи, а исто така изврши и процедура за белење.“

Бившата членка на групата Spice Girls сакала да стави и навлаки, но откако дознала дека за тоа е потребно стружење на забите, откачила и се предомислила.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11160 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.