Љубовта често се раѓа кога најмалку ја очекуваме.
Во трејлерот за новата романтична комедија „Christmas With You“, Фреди Принц Џуниор се вљубува во омилената пејачка на неговата ќерка откако таа ќе остане заглавена во нивниот дом поради снежна бура.
Филмот го следи животот на музичката поп ѕвезда Анџелина (Ејми Гарсија), која доживува пад во нејзината музичка кариера. Нејзиниот тим ја советува да сними божиќна песна за да си ја зголеми популарноста, но таа не ја прифаќа идејата и решава да отпатува во мало гратче за да се запознае со своја обожавателка по име Кристина.
Запознавајќи ја Кристина, ќе го сретне и нејзиниот татко Мигел (Фреди Принц Џуниор) кој е учител и ќе ѝ помогне на Анџелина да направи божиќен хит. Додека работат на песната, тие се вљубуваат еден во друг.
„Christmas With You“ е во режија на Габриела Таљавини, а ќе биде достапен за гледање на Netflix од 17 ноември.