Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Селин Дион ја пее „Over the Rainbow“ во чест на мајка ѝ која почина само неколку часа пред настапот

ВИДЕО: Селин Дион ја пее „Over the Rainbow“ во чест на мајка ѝ која почина само неколку часа пред настапот

Селин Дион тагува за смртта на мајка ѝ, но не го одложи закажаниот концерт во Мајами.

На самиот почеток, популарната пејачка сподели дека нејзината мајка Тереза починала тоа утро, а на крајот, со многу емоции ја отпеа баладата „Over the Rainbow“.

Видео

„Мајка ми имаше 92 години. Подолго време беше болна. И сите знаевме дека нема да биде со нас уште долго време. Пред два дена, ни се јавија медицинските сестри кои се грижеа многу добро за неа и ни кажаа дека не ѝ останува уште многу време. Па, синоќа им се придружив на моите браќа и сестри во Монтреал и ја поминав ноќта до нејзиниот кревет. Си кажувавме стории. Пеевме песни. Се прегрнавме и си кажавме збогум. Сигурни сме дека мајка ми чекаше да се собереме сите заедно пред да замине. Со сигурност знам дека таа сакаше да бидам најдобра што можам вечерва. А и знам дека сакаше сите вие да си поминете најубаво“ – рече Селин.

Селин Дион Селин Дион

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.