Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Првиот трејлер за новиот филм на Леонардо Дикаприо „The Revenant“

ВИДЕО: Првиот трејлер за новиот филм на Леонардо Дикаприо „The Revenant“

Дали „The Revenant“ конечно ќе му донесе Оскар на Леонардо Дикаприо? Не се знае. Но, едно е сигурно – новиот филм ќе му даде огромна предност на популарниот актер во трката по престижната награда.

Денес беше објавено првото видео кое го најавува филмот „The Revenant“, сниман под режисерската палка на брилијантниот Алехандро Гонзалес Ињариту.

Филмот е инспириран од вистински настани, а го следи Хју Глас (Леонардо), кој е напуштен од своите пријатели откако е лошо ранет од мечка. Тој ќе успее да преживее во американската дивина и обземен од длабока тага поради предавството од страна на неговиот верен пријател Џон Фицџералд (Том Харди), ќе тргне на патување за да се одмазди.

Премиерата е закажана за 9 јануари 2016 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11184 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.