Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Бритни Спирс лансира своја модна линија

ВИДЕО: Бритни Спирс лансира своја модна линија

Веќе три сезони Бритни Спирс е рекламно лице на американскиот бренд за облека Candies. Но, нивната соработка сега се продлабочи, главно затоа што Бритни влезе во улогата на дизајнер.

28-годишната пејачка во соработка со Candies креираше колекција на облека и модни додатоци. Самата Бритни признала дека инспирацијата за новата колекција ја црпела од облеката за нејзината последна турнеја „Circus“.

Бритни Спирс за Candies
Бритни Спирс за Candies Бритни Спирс за Candies
Бритни Спирс за Candies Бритни Спирс за Candies

Колекцијата го претставува мојот личен стил. Зедов парчиња од мојата турнеја Circus и парчиња облека што ги носам секој ден. Обожавам деним, па затоа вклучив многу фармерки. Сакав да дизајнирам облека што би ја носеле и јас и моите обожаватели. Тоа ми беше најважно.

Бритни за WWD

Погледнете ја модната ревија на која беше претставена колекцијата на Бритни.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.