Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Амел Чуриќ победи на „X Factor Adria“, погледнете ги неговите настапи

ВИДЕО: Амел Чуриќ победи на „X Factor Adria“, погледнете ги неговите настапи

Амел Чуриќ е победник во втората сезона на музичкиот натпревар „X Factor Adria“. Боби Мојсовски, единствениот македонски натпреварувач кој се пласираше во финалето, го освои второто место.

Во првиот круг, 34-годишниот Босанец настапи со „It's My Life“ од Бон Џови. Во вториот круг, тој ја изведе „Sve je to od loseg vina“ од Здравко Чолиќ, а за крајниот двобој со Боби, Амел настапи со „Da Te Bogdo Ne Volim“ од Bjelo Dugme.

Амел Чуриќ

На финалето, кое се одржа синоќа во белградската „Комбанк арена“, се натпреваруваа Боби Мојсовски, Амел Чуриќ, триото „Highway“, Ива Чуриќ, Магдалена Богиќ и групата 9 Control.

„И покрај тоа што потајно се надевав дека ќе победам, на крајот не можев да поверувам“ – изјавил Чуриќ. „Победата им ја посветувам на мојата девојка Јелена и на моите родители, а освоените пари ќе ги вложам во кариерата“ – додал тој.

Погледнете ги настапите на Амел во финалето:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11445 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.