Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Maroon 5 се враќаат со „Misery“

ВИДЕО: Maroon 5 се враќаат со „Misery“

Омотот за синглот „Misery“Омотот за синглот „Misery“

Вчера беше премиерата на најновиот спот на Maroon 5 за песната „Misery“. Во забавниот спот се прикажани фронтменот Адам Левин и неговата девојка од реалниот живот Ана Вјалицина. Спотот е микс од насилни хумористични сцени во кои Ана го претепува Адам и љубовни страсни сцени.

„Решивме овој пат да се фокусираме на насилство наместо на секс“ – се пошегувал басистот Мики во интервју за MTV.

Спотот е режиран од Џозеф Кан, кој има соработувано со големи имиња од светот на шоу бизнисот како 50 Cent, Еминем, Бритни Спирс и U2. Тој стои и зад спотот на Кајли за „All The Lovers“.

„Misery“ е дел од третиот студиски албум на Maroon 5 насловен „Hands All Over“, којшто треба да се појави на 21 септември.

Како и секогаш, и овој пат Maroon 5 не разочараа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10360 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.