Бритни Спирс е бремена по третпат. 40-годишната ѕвезда ја сподели среќната вест на Instagram.

„Изгубив многу тежина за патувањето на Мауи и повторни си ја вратив. Си помислив: ‘Што ли ми се случи со стомакот?’ Сопругот ми рече: ‘Ти си бремена со храна, будалче.’ Па, направив тест за бременост... и ...ќе имам бебе“ – напиша таа.
Бритни појасни и дека сега ќе избегнува да излегува често за да ги заобиколи папараците кои ја прогонуваа кога претходно беше во блажена состојба и страдаше од депресија. „Тешко е затоа што кога бев бремена, страдав од предпородилна депресија и морам да кажам дека беше ужасно. Жените тогаш не зборуваа за тоа. Некои луѓе сметаа дека е опасно ако жена се жали на таков начин додека има бебе во неа, но сега жените зборуваат за тоа секој ден. Фала му на Исус што не мора да ја чуваме таа болка во тајност. Овој пат ќе практикувам јога секој ден. Испраќам радост и љубов“ – стои во нејзината порака.

Ова ќе биде прво дете на Бритни со нејзиниот свршеник Сем Асгари. Таа е мајка и на 16-годишниот Шон Престон и 15-годишниот Џејден Џејмс од бракот со Кевин Федерлајн.

Минатата година Бритни обелодени дека поради старателството на нејзиниот татко Џејмс не ѝ било дозволено да има деца. „Би сакала да продолжам понатаму, да можам да се омажам и да имам бебе. Ми рекоа дека сега не можам да стапам во брак, ниту да имам бебе. Имам интраутерина влошка за да не забременам. Сакам да ми биде извадена за да можам да се обидам да имам уште едно бебе. Но, овој таканаречен тим, не ми дозволува да одам на доктор за ја извадам, бидејќи не сака да имам повеќе деца“ – рече таа на рочиштето пред да биде ослободена од старателството.
Бритни и Сем се верија во септември минатата година.

