Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по една година во брак, тој ја обвини за неверство

Бритни Спирс и Сем Асгари се разведуваат по една година во брак, тој ја обвини за неверство

Бритни Спирс и Сем Асгари се разделија. Згодниот актер поднесе документи за развод од славната пејачка откако ја обвини за неверство.

Парот беше во брак една година.

Бритни Спирс и Сем Асгари

Бритни и Сем беа заедно пет години пред да запливаат во брачните води. Тие се венчаа во јуни минатата година.

Неколку месеци пред свадбата, Бритни објави дека е бремена, но подоцна ја сподели тажната вест дека го изгуби бебето.

Бритни Спирс и Сем Асгари

Спирс има две деца: 17-годишниот Шон Престон и 16-годишниот Џејден Џејмс од бракот со Кевин Федерлајн.

Бритни Спирс и Сем Асгари Бритни Спирс и Сем Асгари

Бритни долги години се бореше да го прекине старателството од нејзиниот татко Џејми, кој ја спречуваше да се омажи и да забремени.

Во тој период на интернет се појави движење под хаштагот #FreeBritney, за да се поддржи славната пејачка да излезе од контролата на Џејми.

Нему му беше доделено старателството од судот во Лос Анџелес во 2008 година, кога таа добиваше психијатриска помош. Вакво старателство се добива кога некоја личност се смета за непогодна за носење важни лични и финансиски одлуки. Секоја промена, мора да биде одобрена од судот.

Бритни вели дека не ѝ било дозволено да има повеќе деца и да стапи во брак, секоја одлука морало да ја одобри нејзиниот татко, дека тој ги контролирал нејзините финансии и дека целото нејзино семејство живеело од нејзините пари. Како што тврди таа, нејзините менаџери постојано ѝ се заканувале кога ќе одбиела да вметне одредено движење во настапите на сцената и дека била принудувана да настапува и против нејзината волја.

Според странските медиуми, Сем ѝ беше огромна поддршка во целиот овој период. Бритни конечно беше ослободена од старателството на Џејми во 2021 година.

Бритни Спирс и Сем Асгари Бритни Спирс и Сем Асгари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11192 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.