Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бремената Моника Белучи позираше за Vanity Fair

Бремената Моника Белучи позираше за Vanity Fair

Неверојатната Моника Белучи изгледа прекрасно на 45 години и е подготвена по втор пат да стане мајка. Италијанската убавица повторно го покажа својот стомак за италијанското издание на списанието Vanity Fair.

За прв пат таа позираше гола за Vanity Fair во 2004г., додека беше бремена со нејзината прва ќерка, со цел да протестира против италијанските закони за забрана на употреба на сперма од донори.

Прекрасната актерка решила повторно да се раскрие пред објективите за да покаже дека да си повозрасна мајка не е проблем.

Кога го имав првото дете на 39 години ми кажаа дека ако сакам уште едно, треба да се обидам веднаш, но јас не бев подготвена. Потоа се премислив и сакав веднаш уште едно, но бебињата не се како филмовите и не можеш да ги организираш набрзина.

Моника за Vanity Fair

Во истото интервју таа открила дека е пресреќна што повторно ќе стане мајка и дека е многу задоволна од поддршката што ѝ ја дава нејзиниот сопруг, францускиот актер Винсент Касел.

Деми Мур беше првата славна личност што позираше гола за Vanity Fair додека беше бремена со своето второ дете во 1991 година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10606 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.