Блејк Лајвли гостуваше во шоуто на Сет Мајерс каде зборуваше за приватниот живот и правната битка со Џастин Балдони, а го промовираше и својот нов филмски проект „Another Simple Favor“.
37-годишната актерка шармираше во бела креација која ја истакна нејзината тенка половина.





Во емисијата, Блејк призна дека изминатата година била многу тешка за неа, но е среќна што е во можност да се бори и гласно да зборува во име на сите жени и девојки.
„Она што можам да го кажам без да навлегувам премногу во темата е дека оваа година беше полна со највисоки подеми и најниски падови во мојот живот.“
„Гледам толку многу жени наоколу кои се плашат да зборуваат, особено сега, се плашат да ги покажат своите искуства. А стравот е она што нè тера да молчиме. Но, исто така знам дека многу луѓе немаат можност да зборуваат. Затоа, се чувствувам среќна што можам и токму жените кои имаат можност да го користат својот глас ме одржаа силна и ми помогнаа во мојата верба, во мојата борба да го направам светот побезбеден за жените и девојчињата“ – изјави сопругата на Рајан Рејнолдс.
Лајвли го обвини својот колега Балдони за сексуално вознемирување на снимањето на филмот „It Ends With Us“.
Според обвинението, Џастин се обидел да додаде сцени кои вклучувале голотија без согласност на Лајвли, ја бакнувал Лајвли кога тоа не било предвидено во сценариото, споделувал свои сексуални искуства и ја принудувал да го направи истото, влегувал во нејзината приколка ненајавен кога таа била топлес, ѝ покажувал фотографии од голи жени и дискутирал пред неа за неговата зависност од порнографија.






По завршувањето на емисијата, Блејк се пресоблече во нов аутфит.





