Селена Гомез никогаш не криела дека се соочува со предизвици поврзани со нејзиното ментално здравје.
30-годишната музичарка на млада возраст доживува неверојатна слава. Но, кога стои на врвот, ѝ се случува пресвртница и таа е повлечена во темнината. Гомез паѓа во канџите на депресијата и анксиозноста, а добива и дијагноза дека има лупус. Новиот документарен филм „Selena: My Mind and Me“ го следи нејзиниот живот во текот на 6 години додека таа се соочува со повеќе здравствени предизвици.
„Само биди она што си, Селена. Никому не му е грижа за она што го правиш“ – вели таа на почетокот од трејлерот кој првпат беше објавен на Светскиот ден на менталното здравје. „Благодарна сум што сум жива“ – додава Гомез.
Филмот е режиран од Алек Кешишијан, а е сниман во текот на шест години. „Тогаш немав претстава дека ова ќе се претвори во 6-годишен труд од љубов“ – рекол тој.

На Селена ѝ беше дијагностициран лупус во периодот меѓу 2012 и 2014 година. Во септември 2017 година, таа откри дека се повлекла од јавниот живот затоа што поминала низ трансплантација на бубрег заради лупус.
Популарната музичарка стекна огромна популарност и на Instagram, но откако достигна 100 милиони следбеници, таа неколкупати се повлекуваше од социјалните мрежи затоа што негативните коментари во голема мера влијаеа на нејзиното здравје.
Во 2020 година, Гомез откри дека страда од биполарно растројство.
Сите овие нејзини здравствени предизвици се доловени во „Selena: My Mind and Me“, кој ќе започне да се прикажува на 4 ноември.