Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бијонсе во впечатлива креација со екстремно висок шлиц на роденденската забава на Пи Диди

Бијонсе во впечатлива креација со екстремно висок шлиц на роденденската забава на Пи Диди

Пи Диди зачекори во шестата декада од животот.

На ѕвездената забава по повод неговиот 50-ти роденден присуствуваа бројни личности од светот на шоу-бизнисот. Меѓу нив беа и Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи.

38-годишната музичарка привлекуваше големо внимание во црна креација со сребрени елементи и екстремно висок шлиц од косовското дуо Кујтим и Мери Бериша додека влегуваше на забавата со 50-годишниот рапер.

Бијонсе Бијонсе Бијонсе Бијонсе
Бијонсе Бијонсе

Неодамна, Бијонсе во искрено интервју зборуваше за критиките дека има вишок килограми и изјави дека се чувствува поженствено и посамоуверено отсекогаш. Таа додаде дека мајчинството придонело таа да се цени себеси како нешто многу повеќе од физичкиот изглед.

Бијонсе Бијонсе

„Ако некој пред 15 години ми речеше дека телото ќе ми помине низ толку многу промени, и дека ќе се чувствувам поженствено и посамоуверено со моите облини, немаше да му поверувам. Но, децата и созревањето ме научија да се ценам себеси како нешто повеќе од мојот физички изглед и знам дека сум повеќе од доволна без разлика во која фаза од животот сум. Вистинската убавина е нешто што не се гледа“ – рекла таа.

Бијонсе и Џеј Зи се родители на три деца – 7-годишната Блу Ајви и 2-годишните близнаци Руми и Сер.

Бијонсе Бијонсе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27591 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.