Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Берлин од „La Casa de Papel“ во врска со убава Србинка: „Кога ја видов, почувствував збунетост“

Берлин од „La Casa de Papel“ во врска со убава Србинка: „Кога ја видов, почувствував збунетост“

Педро Алонсо освои многу женски срца со својата улога на Берлин во хит-серијата „La Casa de Papel“. Но, срцето на славниот шпански актер успеа да го освои убавата Србинка Татјана Џорџевиќ, чие уметничко име е Tixie Jambass.

48-годишниот актер посветено го чува личниот живот далеку од очите на јавноста, но не и врската со Татјана. Тие за првпат зачекорија како пар на црвениот тепих на јавен настан во јуни минатата година.

Педро Алонсо и Татјана Џорџевиќ Педро Алонсо и Татјана Џорџевиќ Педро Алонсо и Татјана Џорџевиќ Педро Алонсо и Татјана Џорџевиќ

Педро и Тикси се запознаа на почетокот од 2019 година во Париз, каде што таа во моментов живее и работи како хипнотерапевт. Оттогаш се неразделни. „Кога ја запознав Тикси, во себе почувствував некоја збунетост. Почнавме спонтано да разговараме, без да кокетираме, а на крајот ѝ го дадов телефонскиот број за да ми се јави“ – открил тој.

„Со Татјана заедно твориме и така нашите дела ги потпишуваме со заедничкото име Magü“ – вели Педро.

Педро Алонсо и Татјана Џорџевиќ Педро Алонсо и Татјана Џорџевиќ Педро Алонсо и Татјана Џорџевиќ

Педро има едно дете - 12-годишната ќерка Уријел. Се шпекулира дека тој бил еднаш во брак и дека е разведен, но тоа сè уште не е официјално потврдено.

Фановите на парот создадоа романтично видео од нивни заеднички моменти:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.