Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бергузар Корел ја претстави пред светот новородената ќеркичка со фотографија на која ја дои по тешкото породување

Бергузар Корел ја претстави пред светот новородената ќеркичка со фотографија на која ја дои по тешкото породување

Бергузар Корел имаше тешко породување, но сега целосно ужива во мајчинството. Турската актерка, позната по улогата на Шехерезад, ја сподели првата фотографија со новородената ќеркичка.

На неа, Корел ја дои малата Лејла, а во описот стои: „Ова место долго време ќе мириса на млеко“.

Претходно, Бергузар сподели фотографии од денот на породувањето и раскажа како се одвиваше породувањето.

Приказната за раѓањето на Лејла беше уникатна од првиот до последниот ден.

И покрај силните болки, кога излегував од дома, реков: „Ова девојче ќе го родам во 10 часот наутро“.

Кон крајот на 40-тата недела, докторот ми рече „Има причина поради која ова девојче сè уште не се родило, папочната врвца може да е кратка“.

Иако поминаа часови и моето тело ги завршуваше подготовките за раѓање на бебето, нашата ќерка сè уште не пристигнуваше.

По болни 11 часа поминати во болница, Лејла се роди точно кога што реков, во 10 часот наутро, точно како што рече докторот, со кратка папочна врвца која беше завиена околу нејзиниот врат и ме спречуваше да ја држам во мојата прегратка.

Испадна дека, покрај кратката врвца, друга причина што по толку часови не дојде на овој свет беше тоа што бебето беше свртено обратно.

Така, нашето прекрасно девојче пристигна гледајќи во небото.

Зошто ви го кажувам ова?

Затоа што секое раѓање е различно, секое бебе е различно.

Бергузар Корел Бергузар Корел

Бергузар и Халит Ергенч имаат уште две деца – синовите Али и Хан.

Бергузар Корел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10377 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.