Алесандра Амбросио уживаше на плажа во Порто Алегре, Бразил, со сестра си Алини и својата најдобра пријателка Жизел.
38-годишниот модел, кој до 2017 година ги носеше ангелските крилја на Victoria’s Secret, го покажа своето фит тело во црни бикини. Нејзината сестра носеше црвен костим за капење.















Алесандра, Алини и Жизел имаат своја линија костими за капење наречена GAL Floripa. Додека беа на плажа, тие снимија и фотосесија за нивната линија.











„Отсекогаш сме го имале овој сон. Додека растевме, пливањето секогаш ни беше како втора кожа. Секогаш бевме во костим за капење, шетајќи од една плажа на друга и секогаш посакувавме еден ден да имаме продавница за бикини. Тоа беше наш сон кога имавме 18 години“ – изјави неодамна Алесандра за инспирацијата за линијата GAL Floripa.




Пред десет дена, Алесандра со фотографија ѝ го честиташе роденденот на сестра си.