Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Арнолд Шварценегер и Марија се разделуваат по 25 години брак

Арнолд Шварценегер и Марија се разделуваат по 25 години брак

Познатиот холивудски актер Арнолд Шварценегер и неговата сопруга Марија Шрајвер соопштија дека се разделуваат по 25 години брак.

Арнолд Шварценегер и Марија ШрајверАрнолд Шварценегер и Марија Шрајвер

„По многу размислувања, расудувања, дискутирања и молитви, заедно дојдовме до оваа одлука. Моментално живееме разделени, додека работиме на нашата врска. Продолжуваме да ги гледаме нашите деца заедно. Тие се светлината и центарот на нашите животи“ – се вели во нивното соопштените, но никаде не се споменува дали планираат да се разведат.

Шварценегер, кој неодамна се повлече од функцијата гувернер на Калифорнија, во февруари објави дека повторно сака да се врати во филмската индустрија. Се верува дека тој ќе биде ѕвездата на новиот филм „Терминатор“ за да ја репризира неговата најпозната улога досега.

Марија Шрајвер е писателка и поранешна новинарка на NBC.

63-годишниот актер и политичар стапи во брак со Марија во 1986 година. Тие имаат четири деца.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.