Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли фотографирана со ќерката откако го обвини Бред Пит дека ги малтретирал неа и децата пред разводот

Анџелина Џоли фотографирана со ќерката откако го обвини Бред Пит дека ги малтретирал неа и децата пред разводот

Анџелина Џоли беше фотографирана додека пазаруваше со ќерката Вивиен откако го обвини поранешниот сопруг Бред Пит за семејно насилство.

47-годишната Оскаровка носеше долг бел фустан и сива марама додека купуваше намирници во продавница во Јужна Калифорнија со 14-годишната ќерка, која е едно од шесте деца кои ги има со Бред Пит.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Претходно, таа откри шокантни детали за случувањата во приватниот авион на 14 септември 2016 година кои доведоа до распад на нејзиниот брак. Џоли поднесе документи за развод 5 дена по патувањето на кое тврди дека имало насилство од страна на Бред.

Според новите документи, Пит физички ја нападнал Џоли, а кога нивните деца се обиделе да ја одбранат, тој удрил едно од нив во лицето, а друго започнал да го дави.

„Кога едно од децата вербално ја бранело Џоли, Пит го нападна сопственото дете и Џоли го зграпчи одназад за да го запре. За да ја тргне Џоли од грбот, Пит се фрли наназад врз авионските седишта и ѝ го повреди грбот и лактот на Џоли. Децата смело се обидуваа да се одбранат едно со друго. Пред да заврши, Пит давел едно од децата, а друго удрил во лицето. Некои од децата го молеа Пит да престане. Сите беа преплашени“ – стои во документите, во кои се додава дека во текот на летот, Пит неколкупати се појавувал од задниот дел од авионот и се дерел и пцуел по нив.

Во еден момент, Пит истурил пиво врз Џоли, а во друг, истурил пиво и црвено вино врз децата.

Преку свој претставник, Пит ги одрече обвинувањата. Тој беше фотографиран кратко по обелоденувањето на документите од страна на медиумите.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Разводот на поранешниот холивудски пар беше финализиран во 2019 година.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11168 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.