Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина Џоли – икона на убавината за деценијата

Анџелина Џоли – икона на убавината за деценијата

Анџелина Џоли

Според анкета спроведена од Superdrug (вториот по големина ланец од продавници за убавина и здравје во Британија), Анџелина Џоли е прогласена за икона на убавината за последната деценија. Со тоа Џоли се најде точно пред својата соперничка Џенифер Анистон.

Комерцијалниот директор на фирмата која стои зад оваа анкета изјавил: „Анџелина Џоли не е стандардна убавица, но нејзиниот силен карактер сјае преку нејзините прекрасни црти на лицето и телото и ѝ дава посебно место во светот на убавината“.

Анкетата во која учествувале 3000 души ја постави австралиската ѕвезда Кајли Миног на третото место, пред Кетрин Зета Џонс.

Во првите десет се најдоа и Шерил Кол, Скарлет Јохансон, Кира Најтли, Бијонсе, Лив Тајлер и Хали Бери.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11609 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.