Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анџелина потврди: Новата тетоважа е за Бред, а не за седмо дете

Анџелина потврди: Новата тетоважа е за Бред, а не за седмо дете

Кога во април на рамото на Анџелина Џоли беше забележана нова тетоважа со географски координати, веднаш се распространи веста дека Пит и Џоли го прошируваат семејството со седмо дете.

Тетоважата се наоѓа под шест други кои ги опишуваат координатите на местата на раѓање на шесте деца на Анџелина, па медиумите имаа добра основа да сметаат дека постои можност за ново посвојување.

Но, како што некои медиуми се посомневаа, последната тетоважа на Енџи со координати е за Бред Пит, а не за седмо дете.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Во интервју за Extra, за време на 64-тиот филмски фестивал во Кан, Анџелина со зачудување ја прими веста дека сите зборувале за нејзината тетоважа и објасни: „Ако знаеле дека е географска ширина и должина, брзо ќе сфатеа дека се работи за родното место на Бред. Не треба многу истражување за тоа. Координатите се за Шауни, Оклахома.“

Тетоважата на Анџелина Тетоважата на Анџелина

За време на интервјуто, новинарот ја потсети 35-годишната актерка за една нејзина изјава дека сака доволно деца за да може да направи фудбалски тим. На тоа Анџелина со насмевка му возврати: „На добар пат сум“. А кога ја запраша дали планираат да посвојуваат уште деца, таа брзо одговори: „Не сега“.

Анџелина Џоли е на Канскиот филмски фестивал за да го промовира новиот анимиран филм „Kung Fu Panda 2“.

Еве го и интервјуто:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11084 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.