Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ангелот Кендис Сванапул сподели фотографија на која го дои синчето за да пренесе важна порака

Ангелот Кендис Сванапул сподели фотографија на која го дои синчето за да пренесе важна порака

Кендис Сванапул се посвети на мајчинството. Славниот ангел на Victoria’s Secret на Instagram сподели фотографија на која го дои малото синче заедно со важна порака за доењето во јавност.

Кендис со синчето

Револтирана од фактот дека многу мајки денес се критикувани затоа што ги дојат своите малечки во јавност, 28-годишната Јужноафриканка во описот напиша:

Многу жени денес се посрамувани затоа што дојат во јавност или се бркани од јавни места само зашто ги хранат своите деца. Ме натераа да чувствувам потреба да се покријам или да се срамам да го хранам моето бебе на јавно место, но зачудувачки не чувствувам ништо слично за топлес едиторијалите кои ги имам направено во име на уметноста..?

Светот отрпна на сексуализацијата на градите и на насилството на ТВ... зошто треба да е поразлично со доењето? Доењето не е сексуално, природно е.

Оние кои сметаат дека е погрешно да се храни детето во јавност треба да бидат едуцирани за бенефициите кои мајките и децата, но и општеството како целост, ги добиваат од доењето.

Кендис со синчето Кендис со синчето Кендис со синчето Кендис со синчето Кендис со синчето Кендис со синчето

Сванапул го роди малиот Анака на 5 октомври. Слаткото бебенце е првото дете на Кендис и нејзиниот вереник Херман Николи.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11392 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.