Амал Клуни шармираше на црвениот тепих во Кан.
На Филмскиот фестивал, 47-годишната адвокатка се појави во црн долг фустан креиран од Џон Галијано за Диор. Нејзиниот сопруг Џорџ Клуни не беше со неа на свеченоста, што дополнително ги разгори гласините дека тие се пред развод.
Амал присуствуваше на премиерата на документарецот на Боно од U2, „Stories of Surrender“.










Во изминатиот период во странските медиуми се пишуваше дека парот е на „пробна пауза“ поради врската на далечина која ја имаше. Наводно, причина за тоа биле обврските на Џорџ поврзани со Бродвеј и неговиот мјузикл „Good Night and Good Luck“.
Таа не присуствуваше на премиерата на неговиот мјузикл.

Џорџ и Амал се запознаа во 2013 година, а стапија во брак во 2014 година. Заедно имаат две деца.

