Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Алиса Милано стана мајка

Алиса Милано стана мајка

Алиса Милано стана горда мајка на момче. 38-годишната актерка вчера го роди своето прво дете, кое го доби името Мајло Томас Буглиари.

„Благодарам за добрите желби за мојот син Мajло. Моето срце се зголеми трикратно. Го сакам повеќе од сите лисја на сите дрвја“ – напиша Милано на Twitter.

Алиса МиланоАлиса Милано

Ова е прво дете на актерката позната од серијата „Волшебнички“ и нејзиниот сопруг Дејвид Буглиари, со кого е во брак од 2009 година.

Симпатичната актерка неодамна изјави дека не планира веднаш да се врати на работа. „Навистина сакам да уживам со моето дете. Сите постојано велат дека времето поминува многу брзо и велат да поминувам колку што е можно повеќе време со него“ – изјавила таа за E! Online.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11215 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.