Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Актерите од серијата „Фамилијата Марковски“ на црвениот тепих во Сараево за премиерата на втората сезона

Актерите од серијата „Фамилијата Марковски“ на црвениот тепих во Сараево за премиерата на втората сезона

Синоќа, на последниот ден од Филмскиот фестивал во Сараево беше промовирана втората сезона од македонската серија „Фамилијата Марковски“.

Јелена Јованова-Периќ, Тамара Ристоска, Владимир Петровиќ, Петар Петковски, Даријан Пејовски, Емилија Цоцкова... дел од филмската екипа зачекори на црвениот тепих пред да започне прикажувањето на две епизоди од новата сезона.

Актерите од „Фамилијата Марковски“
Актерите од „Фамилијата Марковски“

Неколку дена претходно, беше објавен трејлерот за втората сезона од „Фамилијата Марковски“, погледнете го:

Серијата ја следи фамилијата Марковски која се соочува со многу предизвици што ги носи животот во едно општество со константни политички и социјални турбуленции. Дејствието е инспирирано од вистинити приказни од секојдневието на македонските граѓани.

„Со самото тоа што новата сезона ќе биде дел од една ваква селекција, на реномиран филмски фестивал како што е Сараевскиот значи признание за нас како и за модерната македонска телевизиска продукција. Серијата секако ќе се прикажува и во нашата земја, но со оглед дека се уште се прецизираат деталите, информациите ќе ги објавиме наскоро“ – велат од продукцијата „Арт проект лаб“ која стои зад серијата „Марковски“.

Актерите од „Фамилијата Марковски“ Актерите од „Фамилијата Марковски“ Актерите од „Фамилијата Марковски“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.