Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ако одам во Битола... Јелена Томашевиќ прошета на Широк Сокак и засади дрвце

Ако одам во Битола... Јелена Томашевиќ прошета на Широк Сокак и засади дрвце

Јелена Томашевиќ пристигна во Битола. 36-годишната српска пејачка утре ќе одржи свој концерт заедно со Камерниот Оркестар на Битола во рамките на „Фестивалот на музика од светот“.

Пред да запее на сцената во Центарот за култура, Јелена објави фотогафија на која позира на Широк Сокак. Во описот таа напиша: „Ако одам во Битола, ќе прошетам по Широк сокак“.

View this post on Instagram

Ako odam vo Bitola, ke prošetam po Ši

A post shared by Jelena Tomasevic Bosiljcic (@jelenatomasevic_official) on

Талентираната музичка ѕвезда објави и видео од пробата и ѝ се заблагодари на публиката за љубовта. „Од Центарот за култура Битола ми кажаа дека концертот се распродаде за неколку часа. Ви благодарам до небото за љубовта, ќе ви возвратам на концертот во сабота“ – напиша таа.

Во Битола пристигна и финската хармоникашка Хели Сиекинен, чиј концерт ќе се одржи денес.

Двете музичарки заедно со директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска Илијевски, засадија свои дрвца.

Јелена Томашевиќ

Јелена Томашевиќ изјави дека пред 10 години засадила дрво во Крагуевац, а многу се радува што второто е во Битола. Хели Сиекинен верува дека зеленилото е најважно за чиста животна средина.

Јелена Томашевиќ, Хели Сиекинен и Маја Андоновска Илијевски Јелена Томашевиќ, Хели Сиекинен и Маја Андоновска Илијевски Јелена Томашевиќ, Хели Сиекинен и Маја Андоновска Илијевски Јелена Томашевиќ, Хели Сиекинен и Маја Андоновска Илијевски Јелена Томашевиќ, Хели Сиекинен и Маја Андоновска Илијевски

Третиот ден од Фестивалот е резервиран за концертот на оркестарот „Џамбо Агушеви“.

Фестивал на музика од светот Фестивал на музика од светот Фестивал на музика од светот

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11147 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.