Рајан Рејнолдс и Вил Ферел ги толкуваат водечките улоги во мјузиклот „Spirited“ – најновата филмска адаптација на „A Christmas Carol “ од англискиот писател Чарлс Дикенс.
Приказната овојпат ќе биде раскажана од перспектива на духовите.
Рајан влегува во улога на Клинт Бригс, помлада и позабавна верзија на себичниот Скруџ кој се однесува нељубезно со сите околу него. Ферел, пак, е духот на Божиќната сегашност (Презент). Бригс ќе направи пресврт на приказната и ќе успее да го натера Презент да биде оној кој ќе си ги преиспитува своите минато, сегашност и иднина.
Во филмот улоги имаат и актерите Октавиjа Спенсер и Џо Типет.
Погледнете го првиот тизер:
Недискутабилно, „Божиќна приказна“ е литературно дело кое не престанува да ги инспирира режисерите и сценаристите.
Кино премиерата на „Spirited“ е закажана за 11 ноември.


