Хали Бери инстантно ги привлекуваше погледите кон себе кога се појави пред музејот „Метрополитен“ во Њујорк.
На овогодишниот бал МЕТ, 58-годишната актерка зачекори во делумно проѕирна креација со длабоко деколте од LaQuan Smith која не трпи долна облека.
Атрактивната филмска ѕвезда во својот стајлинг додаде и блескав накит и црн моден додаток на главата.





Бери беше придружувана од својот партнер Ван Хан.



Овогодишната тема на балот МЕТ е „Superfine: Tailoring Black Style“, која го истражува црниот дендизам од 18 век до неговото оживување за време на Харлемската ренесанса и неговото влијание врз модата денес.
