Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 55-годишниот Ерос Рамацоти се разведува од 31-годишниот модел Марика Пелегринели по 5 години брак

55-годишниот Ерос Рамацоти се разведува од 31-годишниот модел Марика Пелегринели по 5 години брак

Ерос Рамацоти ќе пристигне во Македонија со статус сингл. Италијанскиот музичар објави дека се разведува од Марика Пелегринели, со која беше во брак 5 години.

Ерос Рамацоти и Марика Пелегринели

Љубовната романса на 55-годишниот италијански пејач и 31-годишниот модел започнала пред една деценија. Парот заедно има две деца: 7-годишна ќерка која се вика Рафаела Марија и 4-годишен син, кој го носи името Габрио Тулио.

„Ова беа прекрасни десет години, заедно изградивме прекрасно семејство и бевме среќни на незаборавни начини. Ова е заедничка одлука и ние ќе продолжиме да се гледаме еден со друг многу често. Нашиот однос останува пријателски и љубовта која ја делевме сè уште е тука. Имаме голема почит еден кон друг и ја замолуваме јавноста да ја почитува нашата приватност и приватноста на нашите деца во овој стресен период за целото семејство“ – стои во заедничко соопштение на парот.

Ерос Рамацоти и Марика Пелегринели Ерос Рамацоти и Марика Пелегринели Ерос Рамацоти и Марика Пелегринели Ерос Рамацоти и Марика Пелегринели

Рамацоти ќе одржи концерт во Скопје на 30 септември.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10622 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.