Австрија победи на Евровизија. Талентираниот Џеј Џеј со оперската балада „Wasted Love“ ја освои посакуваната титула на 69-тото издание на музичкиот натпревар и не успеа да ги задржи солзите.
Со вкупно 436 поени, 24-годишниот пејач ѝ ја донесе третата евровизиска победа на Австрија, која претходно има триумфирано и во 1966 и 2014 година.

Говорејќи за победничката песна, тој рече: „Песната е мошне тажна, но тука е надежта дека секогаш има светлина на крајот на тунелот. Ако си во кратка лоша фаза, значи дека ќе ја пребродиш, бидејќи тоа не е крај на светот. Надежта не умира.“
Настапот на Џеј Џеј со „Wasted Love“

Израел, кој освои најмногу поени од публиката, водеше до последен момент, но остана на второто место пред Естонија.
Од нашите соседи, Грција имаше најдобар пласман на 6-тото место, а Албанија стигна до 8-мо место на финалната листа. Нашата држава и годинава не учествуваше.

На финалето, кое се одржа во Базел, Швајцарија, се претставија 26 земји.
