Дизниевиот хит „Малата сирена“ ќе добие филмска верзија, а веќе е избрана и актерката која ќе влезе во главната улога.
Хaли Бејли ќе влезе во улогата на сирената Ариел. 19-годишната пејачка со илустрација и кратка порака ја сподели веста. „Остварување на сон“ - напиша таа.
dream come true... pic.twitter.com/sndjYUS6wO
— chloe x halle (@chloexhalle) July 3, 2019
Снимањето на филмот ќе започне следната година.
Хaли е дел од музичкото дуо Chloe X Halle.



