Дац и Александар снимија нова песна, насловена „4 страни“.
Музичкото дуо го објави спотот за синглот со заразен ритам, а во него главните улоги ги имаат Клара Кокев и Давид (Јанг Дади).
„Светот има 4 страни, а јас само една - ти” – пеат Дац и Александар во песната, која можете да ја слушнете тука:
За музиката, текстот и аранжманот заслужен е Александар Митевски, а како музички продуценти покрај него, се потпишуваат и Aндреј Николов (AndrejNik) и Димитар Николов.