Тамара Тодевска и Игор Џамбазов ги израдуваа своите фанови со нова заедничка песна.
Македонските пејачи ја објавија „Лавиринт“, а за снимањето на спотот поканија голем дел од своите славни пријатели.
Музиката е дело на Тамара и Роберт Билбилов, а за текстот се погрижи Џамбазов.
Во видеозаписот се појавуваат и партнерот на Тамара - Лука Радовиќ, нејзините деца Хана и Дарен, мајка ѝ Брена, татко ѝ Велко, сестра ѝ Тијана Дапчевиќ, Катарина Ивановска, Сара Мејс и Димитар Атанасовски со децата, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Александра Јанева и уште многу други личности.
„Среќна сум што успеав да спојам голем број на значајни луѓе за домашната културна сцена во еден видео запис. Верувајте дека договорањето одеше навистина брзо, едноставно и со сите успеавме да снимиме за неполн ден. Речиси сите учесници се и мои блиски пријатели и навистина им благодарам што ја прифатија поканата и успеа да се адаптираат за потребите на 'Лавиринт'“.
„Идејата на ова 'обединување' беше за да се потсетиме малку на минатото, кога дружбите меѓу колегите и уметниците беа секојдневни и многу позастапени од денеска. Да се почитуваме, да соработуваме и да споделуваме квалитетна музика“ – посочува Тамара.


„Игор и Тамара, Тамара и Игор е комбинација која функционира долго време... Тамарче ме покани да бидам дел од песната/спотот и прифатив со задоволство, а текстот го напишав пред некоја година. Се надевам дека „Лавиринт“ ќе биде слушана, а има ли поголем 'лавиринт' од нашево секојдневие!? Сите да го најдеме излезот и вистинскиот пат, а домашната сцена нека остане вака обединета и убава како во спотот“ - вели Џамбазов.




