Почетна » Новости » Мода » Ѕвездата од „The Queen's Gambit“ Ања Тејлор-Џој во креација од Диор која била изработувана 200 часа

Ѕвездата од „The Queen's Gambit“ Ања Тејлор-Џој во креација од Диор која била изработувана 200 часа

Фантастичната изведба во „The Queen's Gambit“ на Ања Тејлор-Џој ѝ донесе уште една награда. 24-годишната актерка се закити со статуетката Најдобра актерка во лимитирана серија на Critics Choice Awards.

Доделувањето на наградите се одвиваше онлајн. За оваа пригода, младата филмска ѕвезда шармираше во креација од високата мода на Диор која била изработувана 200 часа.

Стилскиот избор Ања го надополни со блескав накит од Bulgari.

Ања Тејлор-Џој Ања Тејлор-Џој Ања Тејлор-Џој Ања Тејлор-Џој

„Ања Тејлор-Џој ги отелотворува силата и кревкоста на новата генерација надарени актерки кои го предизвикуваат ѕвездениот систем. Фустанот што го носи е синтеза на она што високата мода претставува за мене денес, со контрастни правила и креативната слобода која ја дозволува, во хармонија со лицето кое го носи“ – изјавила креативната диекторка на Диор, Марија Грација Киури.

Ања Тејлор-Џој Ања Тејлор-Џој Ања Тејлор-Џој

Ања беше прогласена за Најдобра актерка во лимитирана серија и на Златен глобус.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11127 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.