Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „The Queen’s Gambit“: Фантастична мини-серија која нема да сакате да заврши

„The Queen’s Gambit“: Фантастична мини-серија која нема да сакате да заврши

„The Queen’s Gambit“ (Дамски гамбит) со молскавична брзина го шармира светот и ги разгоре страстите за шаховски дуели. Популарната мини-серија стана најгледаното лимитирано шоу во историјата на Netflix.

Фантастичната драма го следи животот на Елизабет (Бет) Хармон, која расте како сираче и поседува вонсериски талент за шах, како и нејзиното издигнување во „светот на мажите“.

The Queen’s Gambit

Бет уште од 9-годишна возраст покажува извонреден талент и го започнува своето шаховско патување додека се соочува со зависност од лекови за смирување, а подоцна и од алкохол.

Ања Тејлор-Џој на идеален начин ја портретира Бет и заслужено придоби море од пофалби за својата глума.

Актуелната серија има само 7 епизоди и се гледа буквално во еден викенд, или можеби во еден ден.

The Queen’s Gambit The Queen’s Gambit

„The Queen’s Gambit“ е адаптација на истоимениот роман на Волтер Тевис од 1983 година. Во првите 28 дена, серијата имаше 62 милиони прегледи, а ги одушеви и врвните шахисти, бидејќи сите потези се логични и внимателно обмислени. Имено, во креирањето на дуелите, биле консултирани реномирани експерти како Гари Каспаров.

The Queen’s Gambit The Queen’s Gambit The Queen’s Gambit The Queen’s Gambit

Трејлер:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.