Почетна » Новости » Мода » ФОТО: Миранда Кер за Mango – пролет 2013

ФОТО: Миранда Кер за Mango – пролет 2013

Миранда Кер е заштитно лице на Mango за сезоната пролет/лето 2013. Привлечната 29-годишна Австралијка позираше во модели од пролетната колекција на шпанскиот бренд, кој претходно има соработувано со ѕвезди како Скарлет Јохансон, Пенелопе Круз и Кејт Мос.

Новата колекција е изградена околу трендовите кои ќе владеат за време на топлата сезона. Црната и белата боја доминираат, а особено се истакнуваат преку црно-белите риги кои ќе бидат неодминлив моден хит.

Кратките блузички кои го отскриваат стомакот, широките панталони, комотните сакоа и искинатите фармерки си пронајдоа место во колекцијата со урбан шмек.

Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер

Соработката на Миранда и Mango беше најавена кон крајот на минатата година. „Mango е бренд кој го сакам. Секогаш ја пронаоѓаш совршената облека за секоја прилика“ – изјави тогаш Кер.

Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер Миранда Кер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.